На директорот на Центарот за култура, му се заканувал велештанец.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.Н.(38) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „присилба“.
На 18-ти февруари оваа година, во просториите на општина Струга, пријавениот, упатил закани кон Н.В.Г.(44) од Струга, директор на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, поради одбиено барање за земање на простор под закуп во центарот за култура
