Охрид загуби од Еурофарм Работник,Струга славеше против Пролет.
Охрид го загуби дуелот со Еурофарм Работник, 24:35 (12:17), а овој пораз за „гладијаторите“ значеше и губење на местото во плеј-офот.Тимот на Стевче Алушовски од првата до последната минута имаше контрола над резултатот и не остави простор Охрид да се понадева на изненадување.
Поразот од Струга на отворањето на пролетниот дел, како и овој вечерва од Еурофарм Работник скапо го чинеа Охрид, кој сега ќе мора да игра во „плеј-аут“. Струга во неизвесниот и напнат меч со Пролет славеше во финишот благодарение на погодокот на Чантурија.
Извор:sportmedia.mk
