Ноќеска на полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список.
Вечер на полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дијаспората. Завршува и рокот за поднесување на барањата на граѓаните за запишување, дополнување или бришење податоци во Избирачкиот список.Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, во време од 08:30 до 19:00 часот.Од ДИК,ги повикуваат сите заинтересирани граѓани кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, тоа да го направат на официјалната веб страница на Државната изборна комисија и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
