Голем интерес за изложбата „100 години Требениште“

Вчера  во Арехолошкиот музеј беше отворена екслузивната изложба на повеќе од 400 артефакти и мистични откритија од некрополата во Требениште, заедно со златни маски кои се наоѓаат во музеите во Бугарија, Србија и  Македонија.

Изложбата која е резултат на иницијативата на трите институции од соседството, е органзирана во чест на 100-годишнината од откривањето на некрополата, а со новите технологии за реставрација и конзервација откриени се атрефакти кои првпат ќе бидат претставени на македонската јавност.

Со македонските ископувања во Требеништа во 1972 од Заводот и Музеј од Охрид, биле откриени погребувања и од помладите хронолошки рамки на оваа некропола, а наодите кои се наоѓаат во Охрид исто така се дел од изложбата. Меѓу нив е и златната маска најдена кај Горна Порта во 2011.

По претставувањето во Скопје, изложбата ќе гостува и во Софија и во Белград, а потоа и во Европа. Интерес за изложбата има во Париз, Берлин, Виена и во Загреб.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани