Струга со нов возен парк. Нови лимузини за општинските административци и градоначалникот Рамиз Мерко.
На обвинувањата дека се луксузира, првиот човек на градот вели не купил луксузни автомобили, туку ги заменла старите кои се расипувале и нивното одржување било поскапо од набавка на нови.
-„Ауди А6 од 67.000 евра не е луксузен автомобил – обични граѓани возат автомобили од 100.000 евра. Набавката на автомобилите беше неопходна бидејќи општината немаше исправни возила, а тие што ги имавме беа речиси хаварисани. Нивното одржување беше прескапо а и возењето небезбедно. Јас често одам Скопје, тоа се 400 километри, патувам и надвор од државата. Аудито не е само за мене, туку за потребите на Општината“- појаснува Мерко.
Општина Струга на крајот од ноември лани се поднови со 4 автомобили тешки 114.000 евра.
