После напуштањето на ПОЕН, Вахид Мемед основа ново граѓанско движење на Египќаните во Охрид.
Граѓанско движење Обединета алтернатива на Египќаните е новата форма на делување на припадниците од овој етникум.
Синоќа се одржа основачкото собрание на кое присуствуваа голем број Египќани.
-„Станува збор за нова опција за обединување. Ново движење кое конечно ќе ги придвижи работите од мртва точка. Движење кое веруваме дека ќе донесе успех и развој за нашата етничка зедница. Имаме јасна визија и цел, а тоа е напредок и просперитет, подобро утре за сите “, вели Мемед за Охриднет.
Граѓанското движење ќе делува како неформално граѓанско политичко движење кое претендира да прерасне политичка партија.
На следните претседателски и градоначалнички избори Обединета алтернатива на Египќаните ќе настапи во коалиција со ДУИ.
Од име на коалициониот партнер, ДУИ се обрати советникот Нефи Усеини кој го поздрави обединуванјето преку движењето и заедничката борба за подобра перспектива и интеграција на граганите Египќани и другите заедници во Охрид.
Инаку Вахид Мемед пред неколку денови поднесе неотповиклива оставка од политичката апртија ПОЕН, каде беше претседател од самото основање.
Фотографии:
.jpg)

.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)

