Нови седум починати од компликации од грип во земјава, објави во неделниот извештај ИЈЗ.
Починатите се на возраст од 37 до 82 години. Тројца се од Скопје, две лица од Кичево, и по еден од Ресен и Валандово.
Двајца претходно немале други заболувања, а петмина имале хронични болести. Нема информација каде биле лекувани и во која здравствена установа умреле.
За неполни 2 месеци во државата 22 лица починаа од компликации од вирусот. Три девјчиња од Охрид беа жртви на грипот.
Годинава во Македонија циркулира така наречениот свински грип, кој лабораториски е потврден и кај најголемиот дел од починатите.
