Морбидно: Откопан стар гроб со двајца мртовци во село Вапила

Непознати сторители го откапале  и осквернавиле гробот на одамна починато лице , дознава Охриднет.

 

Морбидната случка синоќа го потресе село Вапила. Непознати вандали од непознати причини го откопале гробот  во кој биле погребани две лица. Го извадиле едниот ковчег со мртовец  за да го искршат вториот лимен ковчег со друг мртовец, раскажуваат жители на село Вапила за Охриднет. 

-„Тоа беше стар гроб се зборува дека го опљачкале. Во лимениот ковчег беше погребан жител кој починал во странство а потоа мртов донесен во родното село’, раскажуваат жители кои сакаат да останат анонимни. 

Што имало во ковчегот покрај мртвото тело и што барале вандалите не е познато. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани