На 1 април, официјално започнува изборната кампања за претседател на државава.
Претседателските кандидати, кои со своите активности неофицијално веќе ја почнаа кампањата, добија предупредување од ДИК да не ја почнуваат предвреме кампањата.ДИК упати апел до кандидатите да се придржуваат кон членот 69-а од Изборниот законик, во кој е детално дефинирано што се се подразбира под кампања, од која тие треба да се воздржуваат до нејзиниот официјален почеток, на 1 април и дека дека секој со сопствен пример може да даде придонес за успешни избори, но и сликата за изборниот процес да биде позитивна.ДИК Повика и побара коректна, чиста позитивна европска кампања, што е во интерес на сите, пред се на кандидатите, на нивниот интегритет, во интерес на политичките партии, во интерес на ДИК, и во интерес на целата држава.Кампањата за претседател на државата почнува на 1 април и ќе трае до 19 април по што следува изборниот молк. Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот за 5 мај.
