Свикана дваесет и шестата седница на Советот на општина Охрид.
На дневен ред пред градските советници ќе се најдат 69 предлог одлуки. Најголем дел од нив се однесуваат на донесување урбанистичко – планска документација, со цел вклопување на бесправно изградени објекти.
Меѓу другото предвидено е да се одлучува за формирање комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи.
Целиот дневен ред тука
Седницата е закажана за 02.04.2019 година (вторник) со почеток во 11:00 часот.
