Околу 8000 метри квадратни пеплоса вчерашниот пожар кај авто кампот „Андон Дуков“.
Пламените јазици се појавиле вчера во 11.45 часот кога во СВР Охрид пријавен бил пожарот во месноста „Габавци“, во близина на авто кампот „Андон Дуков“ во Охрид.
-Пожарот зафатил околу 8000 метри квадратни површина со нискостеблеста вегетација и овошни насади,сопственост на Н.Б.(79), Д.Д.(58) и на други непознати лица. Пожарот бил локализиран и изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
