МОН го објави Конкурсот за запишување ученици во средното образование.
Министерството за образование и наука викендов го објави Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2019/2020 година за гимназиско, стручно, уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.Првото пријавување и запишување на учениците ќе биде на 17 и 18 јуни 2019 година, а ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 19 јуни.Второто пријавување и запишување на учениците е на 24 и 25 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 26 јуни.Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден.Податоци за слободни места по паралелки и наставен јазик за сите училишта во државата, како и информации за потребните документи и условите и критериумите за упис се содржани во Конкурсот кој МОН го објави на својата веб-страница.
Конкурсот, за средношколските образовни центри во Охрид е следен: ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“:Во прва година ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:Гимназиско образование – 272 ученици, 8 паралелки, 60 минимум поени. СРЕДНО ОПШТИНСКО СТРУЧНО УЧИЛИШТЕ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“:Во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми. Во ОПШТИНСКИ ЕЛЕКТРО – МАШИНСКИ УЧИЛИШЕН ЦЕНТАР „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“: Во прва година ќе се запишат424 ученици во 13 паралелки (356 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава наалбански јазик. Во ОПШТИНСКОУГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКО УЧИЛИШТЕ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“: Во прва година ќе се запишат 306 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми.
