ВМРО ДПМНЕ СТРУГА : КАДЕ ИСЧЕЗНА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ?

Го нема македонското знаме од јарболот кај полициската станица во градот.

Општинската ВМРО ДПМНЕ Струга со соопштение информира и прашува каде е македонското знаме кое утринава мистериозно исчезнало од јарболот кај полициската станица во градот. Осамна  срамна слика во нашата Струга. За жал, мистериозно исчезна македонското знаме од јарболот кај полициската станица во градот, велат во соопштението и пишуваат:„Се прашуваме, дали случајно ќе доаѓа Ципрас во посета на Струга, па господинот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовскиси дадоа наредба да се тргне македонското знаме, за да можат да направат “selfie”? До каде е спремна оваа власт на СДСМ да оди со понижување на македонскиот народ, само за да ги оствари своите срамни цели? Уште што ли ќе направат за да покажат дека се срамат од своите државни симболи и обележја? Господа од актуелната власт, вие сте срам за сите нас, Македонците! Затоа, наскоро ќе бидете казнети од граѓаните на Република Македонија! Верувајте, ви доаѓа крајот, стои во дописот од прес центарот на ВМРО ДПМНЕ Струга.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани