ОБСЕ/ОДИХР: Нејаснотиите во изборниот законик

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во земјава наведува дека не е постапено по некои нивни препораки.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која ја набљудува изборната кампања за претседателските избори во земјава, во својот периодичен извештај за периодот од 11 март до втори април наведува дека и натаму не е постапено по некои нивни претходни препораки. Меѓу нив ОДИХР ги набројува ограничувањата на правото да се биде избиран, ускратувањето на избирачките права врз основа на одземената деловна способност, деталната анализа на периодичните извештаи за финансирање на кампањата и законските ограничувања во врска со својството на подносител на приговори.Мисијата забележува и на нејаснотиите во изборниот законик доколку кандидатите водат кампања надвор од определениот период.ОБСЕ/ОДИХР смета дека пред кандидатите официјално да се регистрираат на 21 март, тие биле вклучени во активности на кампања, како одржување на средби со граѓаните, од помал размер, ширум земјата и давање интервјуа за медиумите.Во извештајот нотираат и дека генерално, жените се недоволно застапени во јавниот живот, но дека женските права и родовата еднаквост сѐ уште не се пројавија како истакнати прашања во кампањата.
Мисија за набљудување на изборите се состои од главен тим од 11 члена, со седиште во Скопјеи 18 долгорочни набљудувачи кои беа распоредени ширум земјата на 20 март. Членовите на мисијата доаѓаат од 19 земји членки на ОБСЕ. ОДИХР побара од земјите членки да обезбедат 250 краткорочни набљудувачи за да го набљудуваат предвременото гласање на 20 април и отворањето, гласањето, пребројувањето и сумирањето на 21 април

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани