ВМРО обвинува за пресушување на Црн Дрим и помор на риби

Вмро Дпмне Струга обвинува за помор на риби во Црн Дрим.

 

-„За жал, повторно срамна и недолична слика на Струга, и тоа во нејзиниот строг центар.
Еколошка катастрофа и помор на рибите во реката Црн Дрим, предизвикана од несовесноста, алчноста и неразумноста на оваа власт.
Кадрите поставени од СДСМ, на чело на видни институции, очигледно, за да си ги исполнат своите цели и богати апетити, не размислуваат за ништо друго, освен за финансиска придобивка. Утрово беше спуштена под нормала, котата на реката Црн Дрим, со што целосно би се исцедило речното корито, за одредени лица да отпочнат со копање темели за градба, на самиот кеј на реката ( локацијата на бараката на Балкопром ).
Се прашуваме, дали раководството на АД ЕЛЕМ Подружница Хес ,,Црн Дрим”, кадар на СДСМ, со тоа ги наполнило длабоко џебовите, притоа, неразмислувајќи за еколошката штета што е наненсена на живиот и растителниот свет во реката Црн Дрим.
Се прашуваме, до кога Струга ќе биде мета за збогатување на одредени лица, блиски до власта, а сето тоа, на грбот на нашите сограѓани и на штета на природата.
Овој чин е за секаква осуда!
Затоа, граѓаните, наскоро сурово ќе ве казнат!“, реагираат од ВМРО ДПМНЕ. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани