Од в година нови пари со ново име

По одлуката за 10 денарките, на ред се и 500 денарките за промена. Од Народна банка информираат дека, до почетокот на наредната 2020 година, на банкнотите од по 500 денари ќе биде напишано новото име на Народна банка, а во втората половина на следната година ќе бидат заменети хартиените 10-денарки со официјалниот назив.

Од Народната банка за промената на парите велат дека со пуштањето во оптек нема да се создадат дополнителени трошоци и ќе се прави на редовна основа, но изаради долговечноста на парите кои веќе се пуштени во оптек и макроекономската стабилност.

Инаку минатата недела беше соопштено дека Народната банка на РМ, која ќе го промени називот во Народна банка на Република „Северна“ Македонија веќе распиша тендер за набавка на книжни пари изработени од полимер, со апоенска вредност од 10 денари,на кои ќе стои испишано новото име на државата. Во тендерската документција се вели дека дизајнот вклучува и промена на името , како и дека НБРМ се менува во НБРСМ секаде каде што се споменува на парите, пишува Магазин.

Критериум за доделување на договорот е најниската цена, а понудите ќе се отвараат на 15 мај.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани