За една седмица осум нови заболени од морбили во Струга.
Епидемијата не стивнува , бројот порасна на 49 заразени, по еден нов заболен дневно. Тринаесет од заболените со морбили се медицински лица, сестри и друг персонал од здравствените установи.
Најголем дел од нив се на возраст од една до педесет години. Бидејки се работи за високо контаминозно заболување овој број се очекува да расте.

-„Меѓу заболените нема деца кои според вакциналниот статус кои требало да бидат вакцинирани, а ниту пак имаме школски деца. Сите заболени се деца до една година и група од 40 до 50 години. Тоа е возраст кога опаѓа имунитетот од самата вакцинација0201Се очекува многу поголема бројка на заболени од ова“, вели Јованка Коровешоска епидемиолог.
Поради ширењето на болеста спроведена е дезинфекција во сите здравствени установи во Струга.
– „Во здравствените устаови во општата болница во домот и забраета е посета во болниците. Во школите исто и во детстките граднки направена е дезинфекција и во училиштата. И препораките редовно миење на раца и дезинфекциони средства“, додава Коровешоска.
По прогласувањето на епидемијата во Скопје пораснал и интересот за вакцинација на децата со МРП вакцина.
Во Охрид засега нема ниту еден регистриран случај на морбили, епидемиолозите апелираат родителите да ги вакцинираат своите деца навреме , да се избегнуваат контакти со болни, а болните да бидат изолирани дома за да се спречи ширењето на инфекцијата.
Новинар Соња Рилковска
