Инвестирањето во спортскиот дух од најмали нозе кај децата е вистински влог во здравјето на нацијата, рече Кирил Пецаков член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на денешната прес конференција.
Пецаков на денешната прес конференција најави повеќе спортски проекти за градот Охрид.

-Затоа посветуваме огромно внимание и имаме слух за проекти од спортот и физичкото здравје кај младите.
Проектите за спортот се проекти за напредок, за поубав град, за Охрид!
Со задоволство го најавувам проектот:
Изградба на 30 рекреативни зони, односно 5 тениски терени, 5 мултифункционални игралишта, 20 детски игралишта.
Не застануваме со тоа, туку најавуваме уште еден проект:
Изградба на спортски и детски игралишта.
Во Велгошти:
– Модерно спортско игралиште со гумена подлога, детско игралиште и рекреативна фитнес зона
Во Елшани:
– Изградба на детско игралиште со уредување на околниот простор
– Изградба на спортско игралиште опремено со реквизити за неколку спортови и модерно осветлување
– Изградба на игралиште опремено со детски реквизити во рамки на основното училиште.
Во Долно Коњско:
– Спортско и детско игралиште
Изградба на спортско и детско игралиште опремени со реквизити како и осветлување според најсовремени спортски стандарди.
Во Пештани:
– Реконтрукција на повеќенаменско спортско игралиште и изградба на простор за трибина
Во Урбана Заедница „Железничка“:
– Изградба на повеќенаменско спортско игралиште со сите реквизити и балон сала за фудбал со вештачка трева.
Инвестициите во спортот се инвестиции во младината, смета Пецаков.
-„Преку изградбата и реконструкцијата, опремувањето на спортските сали, фудбалските и тениски игралишта, организирањето и субвенционирањето на голем спортски настани, поддршката на спортските таленти диектно придонесуваме за правилен психо-физички развој на децата, професионалците и гостите.
5 за Убав град!5 за Д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид!5 затоа што Охрид повикува!“, рече Пецаков.
