Владата издаде лиценци на 15 компании со домашен и странски капитал кои одгледуваат канабис за медицински цели, со вкупна инвестиција од над 40 милиони евра и околу 300 нови вработувања.
Премиерот на официјалната Фејсбук страна објави цела листа на компании. Новите фабрики каде ќе се произведува марихуана ќе се градат во Скопје, Гостивар, Карбини, Кочани, Валандово, Струмица.
– Оваа Влада издаде лиценци и на 15 компании со домашен и странски капитал кои одгледуваат канабис за медицински цели, со вкупна инвестиција од над 40 милиони евра и околу 300 нови вработувања. Станува збор за следниве компании и производства: Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Канабис во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, Фармаролли во Скопје, Греен лифе во Валандово, Канабис про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци., пишува Заев на Фејсбук.
Државата вложува во поддршка на домашното стопанство и во поттикнување на странските инвестиции. Тоа е моделот преку кој заедно со граѓаните и со бизнисите создаваме силна економија во која постои шанса за успех на секого.
Одгледување на марихуана за медицински цели е прилично ликвиден бизнис со огромна заработка. Според проценките, за едно инвестирано евро, се враќаат десет.
