Информативниот настан за избор на „Иновативно претпријатие на годината” ќе се одржи денеска во „Лебед“.
Домашни претпријатија кои спровеле успешна иновација во своето работење се потенцијални добитници на парична награда што ја доделува Фондацијата „Претприемачки сервис за млади“. На конкурсот што има за цел да промовира успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии од македонски компании во сите индустриски сектори.Преку награден фонд од вкупно 600.000 денари, обезбеден со поддршка на Град Скопје, наградени ќе бидат 3 компании со 200.000 денари, средства кои компанијата ќе ги искористи за унапредување на конкурентноста на иновацијата и интернационализација на бизнисот.Најдобрата компанија од секоја категорија ќе добие признание за успешност и ќе биде промовирана на првата манифестација „Иновативно претпријатие на годината“ која ќе се одржи на 29 мај во Скопје. Добиените средства компанијата ќе може да ги искористи за следниве цели: Заштита на интелектуалната сопственост на иновацијата, Посета на меѓународни саеми, конференции, настани и Купување опрема.
