Јавниот сервис вечерва е домаќин на ТВ дуелот на Река,Силјаноска и Пендаровски.
Вечерва, МТВ е домаќин на предизборното соочување на претседателските кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски.Тројцата кандидати, на вечерашната претседателската дебата, уште еднаш ќе ги претстават своите концепти, ставови и позиции како дел од програмата за петгодишниот претседателски мандат. По првиот дуел на Телма, на втори април и вечерашниот на МТВ,следуваат ТВ дуелите на 14 април на ТВ Сител и на 17 април на телевизија Алсат.
