Голема хуманитарна собирна акција во Охрид.
Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 15 – 21 април 2019 год., под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, , со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебарца.
-Апелираме и ги повикуваме нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно се вклучат во акцијата со:
– донирање на материјални добра, во просториите на Црвен крст Охрид ул. “Димитар Влахов” 52, во сите денови на траењето на акцијата вклучувајЌи и сабота и недела од 8 до 15 ч.како и на собирните пунктови за прехрамбени производи во маркетите во Охрид
– давањенадоброволниприлози на мобилните тимови на Црвен крст Охрид составени од волонтери, обележени со обележја на Црвен крст Охрид, кои Ќе бидат на повеЌе јавни пунктови низ градот
– донирање на парични средства на мобилните тимови на Црвен крст Охрид составени од волонтери, обележени со обележја на Црвен крст Охрид, преку акцијата -Од куЌа до куЌа-, во која волонтерските тимови на наШите сограЃани Ќе им приложат плико и информативе флаер за нивна вклученост во акцијата за донирање парични средства според нивната желба и можности
– донирање на парични средства на жиро сметката на Црвен крст со назнака за “Недела на солидарност”, апелираат од Црвениот крст од Охрид.
