Прогласена епидемија на морбили во Македонија

Ваков заклучок донесе Комисијата за заразни болести.

Епидемија на морбили е прогласена на на територија на цела Македонија.Ваков заклучок е донесен по состанокот на Комисијата за заразни болести, со цел да се спречи понатамошното ширење на малите сипаници.Мерките што досега важеа за градовите каде што имаше прогласено епидемија сега ќе важат во целата земја.Тоа значи дека ниедно невакцинирино дете нема да биде примено во градинка, а предложено е минималната возраст за вакцинирање да се намали од 12 на 6 месеци.Мерките опфаќаат и задолжително вакцинирање со две дози на сите здраствени работници во земјава. За епидемијата на морбили во Македонија е извесетена и Светската Здравствена Организација.Дополнително бидејќи имало заболени меѓу повозрасните лица кои по редовниот календар не подлежат на вакцинација, Комисијата донесла одлука да се зголеми возраста за вакцинација, така што секое лице постаро од 14 години ќе може слободно да се вакцинира во центрите за јавно здравје односно на возраст од 14 до 60 години.Од останатиот сет мерки, што е предложен, е сите здравствени работници на територија на цела држава да мора да се вакцинирани со две дози на МРП вакцина.Според комисијата, се забрануваат посетите на болниците и таа мерка мора да се почитува со цел да се намали можноста за внес на нова инфекција во болнички услови, а негувателките во градинките ќе бидат задолжително проверени за нивниот вакцинален статус и ќе треба да бидат уредно вакцинирани.Прогласувањето на епидемијата е со цел да се спроведат дополнителни мерки за да се спречи натамошното ширење, да се намали бројот на нови инфекции и да се спречат тешките форми на ова заболување.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани