Автомобил удрил повозрасен маж на велосипед.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека на осумнаесетти април оваа година во 11 часот и 50 минути, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на населба Рача, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Голф“ со охридски регистарски ознаки управувано од Р.М.(27) од Демир Хисар и и велосипед управуван од А.Т.(77) од Рача.
– Тој, со возило на Итна медицинска помош е пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Охрид а на местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи, изјави портпаролот Димоски.
