Според првичните информации од ВМРО ДПМНЕ кандидатот за градоначалник на СДСМ Константин Георгиески е во предност од околу 2500 гласови пред кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошески.
Останатите тројца кандидати Михаил Трендафилов Нанче, Стевче Стевоски и Џемал Мена заедно освоија околу 3000 гласови.
Кој ќе биде татко на градот ќе се одлучува во вториот круг на 5 мај.
Во однос на претседателските избори во Охрид во блага предност е кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановкса Дафкова.
