ДИК потврди, идниот градоначалник во Охрид ќе се избира во втор круг

Според официјалните податоци што ги објави ДИК  идниот градоначалник на Охрид ќе се избира во вториот круг на  изборите закажан за 5 мај.

 

Ниту еден од петтемина кандидати не ги доби  потребните 50 отсто плус еден глас од излезените гласачи на изборите така што во вториот круг ќе одат двајцата кандидати со освоени најголем број гласови, а тоа се кандидатот на СДСМ Константин Георгиески и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски.

Кандидатот на СДСМ Георгиески освои 13.037 гласови пред противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 10.614 гласа.

Од останатите кандидати Михаил Трендафилов Нанче од Граѓанско демократската унија доби 1.655 гласа, Стевче Стевоски од Демократи 1.003 и Џемал Мена од Движењето Беса 553 гласа.

Инаку, излезеноста на изборите во Охрид е 53,84 отсто, односно гласаа 26.862 од вкупно регистрираните 52.223 лица во Избирачкиот список.

Она што е карактеристично за првиот круг од изборите за градоначалник се и 1.256 неважечки ливчиња односно 4,45 отсто.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани