Крвава пресметка синоќа ја потресе Македонија. Во село Слупчане во Липково биле пронајдени две безживотни тела.
Синоќа во 22 часот и 40 минути, полицајци добиле повик дека во атарот на селото Слупчане, кај месноста „Слупчански бунар“, било забележано патничко моторно возило, марка „опел астра“, во кое било пукано од засега непознат сторител.
Во него имало две лица, кои биле убиени. Било предоцна, залудни биле обидите на лекарите. Итната помош не можела да направи ништо, освен констатира само смрт.
Според ТВ Телма станува збор за татко и син.
Убиени се 47 годишен маж од село Опае и неговиот 9-годишен син.
Повеќе детали се очекуваат денес.
