Емисијата „Караван“ од далечната 1968 година снимена на српски јазик опишува како се прават охридските бисери.
Уште пред половина век луѓето биле заинтересирани за бисерниот накит кој е дел од нашата историја, култура и традиција. Во оваа емисија се зборува за дедото на Михајло Филев, денешниот производител на охридски бисери, кој занаетот како тајна го наследил од својот татко.
Ова е емисијата „Караван“ од РТС снимена и емитувана пред пет децении.
Михјло Филев од својот дедо не го наследил само занаетот и името, туку и неговата љубезност и елоквентност. Па така и тој е отворен секогаш за медиумите домашни и странски, несебично ја споделува традицијата за производство на охридски бисери.
