На 30-ти април (вторник) 2019 година 19:00 часот во света Софија – катедралниот црковен храм во стариот дел на градот Охрид, ќе се одржи проекција на филмот „Воскресение на Господ Исус Христос“.
Влезницата чини 100 денари, целта е со нашето присуство да помогнеме во изградба на православната црква „Воведение на Пресвета Богородица“ во н.Рача – Охрид. Сите парични средства кои ќе се соберат ќе бидат донирани за изградба на црквата. Од сѐ срце се надеваме дека нашите донации ќе придонесат за што поскоро да се изгради храмот и ако даде Бог, наредната Пасха сите заедно да ја празнуваме во прегратките на тој храм. Поддржани од нашиот владика господин Тимотеј, ќе се обидеме овој храм да биде уште еден Охридски бисер, кој ќе плени со својот бисерен сјај.
Бидејќи, без Црква е бесмислено да се започнува разговор за Бога. Сите зборуваат за Бога, но вистински само Црквата Го пројавува Бога, го пројавува преку богослуженијата, преку Светите Тајни, преку своите праведници и светителите. Нашата болка во срцето, нашиот страв и грижи, сè токму во тоа, луѓето да Го бараат Бога и да Го најдат, а ќе го најдат само во Црквата, велат организаторите на настанот

