Канцеларијата на дебарско кичевската епрахија го објавува распоредот на богослужби за Велигденските празници во Охрид.
РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ
ЗА 2019 ГОДИНА
28.04.2019 – ВЕЛИГДЕН Вечерна богослужба, Второ Воскресение со читање на светото Евангелие на повеќе странски јазици и делење на велигденски јајца, едноцрквие во црквата „Св.Софија“- Охрид, со почеток во 17 часот.
29.04.2019 – ΙΙ ДЕН ВЕЛИГДЕН-(ПОНЕДЕЛНИК)
Утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви, со почеток во 8.30 часот.
30.04.2019 – ΙΙΙ ДЕН ВЕЛИГДЕН-(ВТОРНИК)
Утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви со почеток во 8.30 часот. За Варош,во црквата „Св. врачи Козма и Дамјан“- Охрид.
02.05.2019 – СВЕТЛИ ЧЕТВРТОК
Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован Богослов“- Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 8.45 часот.
03.05.2019 – ИСТОЧЕН ПЕТОК-БАЛАКЛИЈА Утрена и Архиерејска литургија ќе има во црквата „Св.Богородица“-Каменско, (Едноцрквие) со почеток во 7.30 часот.
05.05.2019 – ТОМИНА НЕДЕЛА Литургија во сите парохиски цркви.
Архиерејска литургија во црквата „Св.Никола“ долна влашка мала – Охрид со почеток во 8:45 часот.
