Мерко се сретна со австриската Зелена партија

На состанокот се дискутирало за решавање на еколошките проблеми.

Општината Струга и градоначалникот Рамиз Мерко, деновиве беа домаќини на претставници на австриската Зелена партија.Средбата беше главно од информативен карактер, се дискутираше за еколошките проблеми како и за улогата на општината како институција, за заштита на животната средина, за природните богатства и ресурси на Струга.
– Преставниците на Зелената партија рекоа дека Струга им оставила добар впечаток и се надеват дека во иднина ќе имат можност да ја посетат повторно и да соработуваат со Општина Струга, информираат од канцеларијата за односи со јавноста во општината.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани