На митингот, утре на СРЦ „Билјанини извори“, ќе учествуваат околу 300 спортисти.
Атлетскиот клуб „Охрид“ заедно со Атлетската федерација на Македонија, утре-27 април, во 11.30 часот го организираат вториот по ред Меѓународен меморијален атлетски митинг „Влатко Димитров“. Истиот се организира во чест на проф.Влатко Димитров, долгогодишен тренер на Атлетскиот клуб „Охрид“ и најзаслужен за успесите на клубот но и на Македонската атлетика.
– Тој беше и селектор на Атлетската репрезентација на РМ и затоа сметаме дека со продолжување на традицијата, барем малку ќе му се оддолжиме за постигнатото во атлетиката во Охрид и Македонија. Дисциплините во машка и женска конкуренција се следни: 100, 400, 1500, 3000 метри, стиплчез ( со пречки), скок во далечина, скок во височина, фрлање ѓуле, диск и копја. Дисциплина на митингот ќе биде скок во далечина, која му беше најуспешна на Димитров.Обезбедени се медали и дипломи за учесниците.Најава за учество имаме на околу 300 учесници од атлетски клубови во земјава, Србија, Бугарија, Црна Гора и Албанија, велат за Охриднет од Атлетскиот клуб.

