Охрид за Велигден преполн со туристи

Велигденска атмосфера во Охрид. Илјадници гости празнично уживаат  на брегот на Охридското езеро.

Духовните светилишта се преполни со верници, со свеќи и молитва сите се подготвуваат за Христовото Воскресение. Воодушевени од средновековните цркви се бројните туристи, кои со фотоапаратите се обидуваат да ја овековечат нивната убавина.

Ги има од сите страни на светот. Најбројни од регионот, потоа европските земји но и од Далечниот Исток .

Велигден се смета за почеток на туристичката сезона на брегот на Охридското езеро.
И угостителите подготвени. За гостите традиционална Велигденска трпеза.

-„ Задоволни сме. Градот преполн,  доаѓаат гости од сите страни од целиот свет. Имаме кавијар од охридска риба од крап, имаме ќофтина од икра од крап и тоа што бараат странските гости тавче гравче, охридска риба и јагнешко, вели Зоран Рилковски од реномираниот ресторан „Томато“ на градскиот плоштад во Охрид.

velcetvrvec2019 4

Црковните храмови во Балканскиот Ерусалим преполни со верници. Православни, но и гости од други вери и националности уживаат во празничната магија, што зрачи од древните цркви.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани