Благодетниот оган од Ерусалим вечерва ќе пристигне во земјава

Благодатниот оган, што секоја Велика Сабота,  веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, вечер од Ерусалим преку Софија се очекува да пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје, информираа за МИА од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

 

– Годинава содејството и љубовта би рекол на БПЦ и МПЦ ќе се удостои со тоа нејзин епископ да учествува во овој благодатен и чудотворен чин и да го преземе лично благодатниот оган. Ако досега благодатниот оган беше носен или позајмуван, земан од другите цркви преку посредништвото на Бигорскиот манастир и архимандритот Партениј, годинава епископот стобиски Јаков, викарниот епископ од Струмичката епархија ќе го преземе оганот и ќе го донесе како благослов за православниот народ и за православната црква во Република Македонија, изјави за МИА, отец Бобан Митевски од Кабинетот на архиепископот.

Посочи дека на скопскиот аеродром епископот стобиски Јаков со благодатниот оган ќе биде пречекан од неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и од претставници на другите епархии низ државава, а потоа ќе биде разнесен по храмовите во Скопје и по другите епархии.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани