Георгиески најавува нов спортски комплекс

Кандидатот за градоначалник од СДСМ Константин георгиески најави изградба на нов спортски комплекс во Охрид.

 

„Основниот услов за спроведување на активности од областа на спортот, физичкото воспитување и рекреацијата во Охрид е постоењето на доволен број спортски капацитети. Затоа нашата цел е постојано да вложуваме во модернизација на спортските објекти, кои се главен ресурс за функционирањето на постоечките спортски клубови и важен сегмент за развој на спортскиот туризам.Во соработка со ФФМ и УЕФА, ги започнавме потребните процедури за реконструкција на постојните и изградба нова трибина на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини Извори“. Исто така започна изградбата на спортска сала во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски”, а во Програмите за образование е предвидена изградба на спортски сали и во основното училиште „Кочо Рацин”, во основното училишпте „Ванчо Николески” во село Лескоец и во Угостителското училиште „Ванчо Питошески”, информира Георгиески.

Планираме да изнајдеме начини за изградба на нов спортски комплес кој ќе биде во форма на придружен објект на постоечкиот спортски центар „Билјанини Извори“.

-„Во делот на развојот на спортот исто така ќе поведеме иницијатива, Охрид конечно да добие соодветен Центар за развој на водените спортови. Исто така планирано е обновување на веќе постоечките спортски терени во населбите и изградба на нови спортски игралишта на неколку локации.Подеднакво сме посветени на развој на сите сфери од секојдневното живеење, имаме реални планови и остварливи проекти, кои ќе донесат посигурна иднина за сегашните и идни генерации во нашиот град.

На 5-ти мај да донесеме вистинака одлука, да излеземе и да го заокружиме бројот 7! Заедно Напред, За Охрид!“, додава Геогиески. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани