Кандидатот за градоначалник од СДСМ Константин георгиески најави изградба на нов спортски комплекс во Охрид.
–„Основниот услов за спроведување на активности од областа на спортот, физичкото воспитување и рекреацијата во Охрид е постоењето на доволен број спортски капацитети. Затоа нашата цел е постојано да вложуваме во модернизација на спортските објекти, кои се главен ресурс за функционирањето на постоечките спортски клубови и важен сегмент за развој на спортскиот туризам.Во соработка со ФФМ и УЕФА, ги започнавме потребните процедури за реконструкција на постојните и изградба нова трибина на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини Извори“. Исто така започна изградбата на спортска сала во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски”, а во Програмите за образование е предвидена изградба на спортски сали и во основното училиште „Кочо Рацин”, во основното училишпте „Ванчо Николески” во село Лескоец и во Угостителското училиште „Ванчо Питошески”, информира Георгиески.
Планираме да изнајдеме начини за изградба на нов спортски комплес кој ќе биде во форма на придружен објект на постоечкиот спортски центар „Билјанини Извори“.
-„Во делот на развојот на спортот исто така ќе поведеме иницијатива, Охрид конечно да добие соодветен Центар за развој на водените спортови. Исто така планирано е обновување на веќе постоечките спортски терени во населбите и изградба на нови спортски игралишта на неколку локации.Подеднакво сме посветени на развој на сите сфери од секојдневното живеење, имаме реални планови и остварливи проекти, кои ќе донесат посигурна иднина за сегашните и идни генерации во нашиот град.
На 5-ти мај да донесеме вистинака одлука, да излеземе и да го заокружиме бројот 7! Заедно Напред, За Охрид!“, додава Геогиески.
