Претседателот Горге Иванов за Велигденските празници во Охрид. Синоќа веста за Христовотот Восресение заедно со сопругата и синот на полноќ ја дочекаа во манастирот Свети Наум Охридски.
.jpg)
Утрово на литургија повторно заедно беа во Светиклиментовиот храм на Плаошник.
.jpg)
-„Не постои појасна порака за Божјата љубов и милост кон луѓето од Велигден. Речиси два милениума оваа порака им помагала на христијаните во Македонија да ги издржат и најстрашните прогонства, да им одолеат и на најсилните искушенија и да ги пребродат и најголемите премрежија. Велигденската порака создаде духовно променети луѓе кои го менувале духот на нашето општество и преку простување, солидарност и почитување се вклучувале во она што Св. Климент Охридски го нарекува престигнување во добрина“, порача Иванов.
.jpg)
.jpg)
