Опожарени педалинки на плажа во Струга

Пожарот се случил на пладне, нема повредени.

Пожар денеска целосно ги изгоре три педалинки оставени на плажа на брегот на Охридското езеро во Струга, во близина на стадионот на фудбалскиот клуб „Караорман“. Пожарот брзо пламнал на една од педалинките и се проширил и на соседните две, од пластиката брзо се створил голем пламен и чад кој се издигнал – видлив од околните згради. Навреме интервенирала противпожарната единица од Струга.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани