Пожарот избил денеска на пладне, изгорена е поголема површина трева.
Пожар денеска се појави околу пладне на површина со трева на сртот од планината Галичица.Според нашите информации, пожарот се појавил на албанска страна од планината кој, за среќа зафатил помала површина од наша страна и не се проширил. Се работи за непристапен терен речиси на врвот на планината каде интервенција на противпожарната единица е невозможна.


