„Рацин меѓу младите – 80 години Бели Мугри“

Чевствување – „Рацин меѓу младите – 80 години Бели Мугри“.

 

Утре напладне, од 12 часот, во организација Фондацијата “Ангеп Петров” и Општина Велес, во ОУ “Кочо Рацин”, во Охрид, со ликовна постановка на дваесет Рацинови портрети од Ангел Петров, се заокружува културната иницијатива: Осумдесет години ”Бели Мугри”од Кочо Рацин.

Изложбата, досега, посети повеќе училишта кои го носат Рациновото име низ земјата.
Беа посетени: Средно училиште “Кочо Рацин”од Свети Николе, ОУ “Кочо Рацин” од Петровец, ОУ”Kочо Рацин”од Куманово, ОУ ”Кочо Рацин”,одсело Блатец, вииничко и ОУ ”Кочо Рацин”, од Нов Дојран.

Во културната иницијатива: Осумдесет години ”Бели Мугри”од Кочо Рацин, учество зедоа повеќе од 3000 посетители – ученици.
Од нив педесетина беа наградени ученици од литературниот и ликовен конкурс: Осумдесет години ”Бели Мугри”од Кочо Рацин “.
Организатот, Фондацијата “Ангел Петров”, од Велес, за најдобрите обезбеди благодарници и книги.

Дали оваа културна иницијатива ,односно Ликовна изложба ја постигна едукативната цел кај учениците? Секако – да, за што зборуваат големиот интерес, посетеноста и вниманието што го доби изложбата, како и уште поголемото учество на распишаните конкурси – литературен и ликовен, појаснува Светлана Петрова од Фондацијата “Ангеп Петров”.

автор Веле Митаноски 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани