Струшките концесионери на плажите се закануваат со протести.
Најавуваат дека ќе блокираат патиштата, но и други мерки ако им бидат одземени концесиите.
Реакцијата доаѓа откако власта најави дека со измени на Законот за градење ќе им ги одземе ингеренциите на општините за стопанисување со плажите.
Концесионерите велат вложиле огромни суми на пари во уредување на струшкото крајбрежје и изградба на современи уплажи.
На досегашните концесионери договорите им се истечени повеќе од две години, а се одолговлекуваат измените на Законот кои беа најавени пред околу два месеци.
