Бесплатни филмски проекции на македонските класици

НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид во рамките на тековните програмски активности по подолг временски период организира кино проекции на македонски филмски класици.

 

Влезот за филмските проекции за лубителите на филмот е слободен.

Исто така во наредниот период ќе се започне со редовен репертоар на филмски кино проекции.

-ЏИПСИ МЕЏИК / ЧЕТВРТОК,  02 мај 2019 г / почеток 18.00 ч / влез  слободен

Производство: Вардар филм – Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: мелодрама

Род: Игран филм

Времетраење: 135 минути

Звук: Да

Во боја: во боја

Година: 1997

Режија: Попов Стојан – Столе

Сценарио: Блажевски Владимир

Директор на фотографија: Трпески Апостол

Монтажа: Грбевски Димитар

Главна улога: Шијаковиќ Арна, Чевревски Данчо, Додевски Горан, Иванова Катина, Манојловиќ Предраг – Мики,Бајрам Северџан, Трпкова Синоличка, Михајловски Тони, Јачев Владимир, Хасан Џемаил..


 

-СРЕЌНА НОВА  49 / ЧЕТВРТОК, 02 мај 2019 г / почеток  20.00 ч / влез слободен

 

Година 1986 / Траење: 125 минути

 

Приказна за двајца браќа со различна идеологија и верувања. Драмата се случува во атмосфера на тензија и страв, за време на конфликтот помеѓу Комунистичката партија на Југославија и Сталинизмот.

 

Режија: Столе Попов

 

Сценарио: Гордан Михиќ

 

Музика: Љупчо Константинов

 

Улоги:  Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владислава Милосављевиќ и други

 

Награди:

 

– Гран при, Голема златна арена за најдобар филм 1986 ФЈИФ, Пула,

 

– Златна арена за најдобро сценарио на Гордан Михиќ 1986 ФЈИФ, Пула

 

– Нагрдада ” Милтон Манаки” од југословенската филмска критика за Столе Попов 1986 ФЈИФ, Пула

 

– “Златен гладијатор”, награда на југословенската филмска академија за Столе Попов 1986 ФФ, Ниш

 

– Голем златен дукат за најдобро сценарио за Гордан Михиќ 1986 ФФ, Врњачка бања

 

– Југословенски кандидат за Оскар 1986

 

–  13 Ноемвриска награда за Столе Попов 1991 МФФ

 

и други..


-ТЕТОВИРАЊЕ / САБОТА, 04 мај 2019 г / почеток 20.00 ч / влез слободен

Година: 1991  / Траење: 128 минути

Дејството на филмот е сместено во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија, кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.

Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „штитат“ поредокот – комунистичкиот режим во распад – по една караница со сопругата го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер. 

Режија: Столе Попов

Сценарио:  Мирко Ковач

Музика: Љупчо Константинов

Улоги:  Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп-Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински, Данчо Чевревски и др…

Награди:

– Гран При 1991 ФФ, Херцег Нови

– Прва награда ” Златна мимоза” за режија на Столе Попов 1991 ФФ, Ниш

– Втора награда за сценарио на Мирко Ковач 1991 ФФ “Милтон Манаки” Битола

и други…

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани