Сообраќајка со тешко повреден пешак во Струга

69 годишен маж се здобил со тешки повреди.

Синоќа во 21,30 часот било пријавено дека во Струга на крстосницата од улицата “Владо Малески“ со улицата “Ѓуро Салај“, патничко моторно возило “Пасат“ со струшки регистерски таблици управувано од Џ.Ф.(45) од с.Мислодежда удрило во пешак В.Ж.(69) од Струга.
– Во незгодата пешакот се здобила со тешки телесни повреди. На местото на настанот, извршен е увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга. Се работи на целосно расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани