49 годишен од Прењас-Албанија го нарушил јавниот ред во Охрид.
Вчера попладне околу 15 часот, пред колонијална продавница на улицата „15 корпус“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со викање, извршен од К.Т.(49) од Прењас, Република Албанија. Тој, во видно алкохолизирана состојба, недолично се однесувал кон граѓаните.
– При обид да биде легитимиран, тој физички им се спротивставил на полициските службеници. К.Т. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
