Сообраќајката се случила околу 14 часот.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информира дека „денеска на магистралниот пат Кичево-охрид, кај кичевското село Добреноец, во 13.50 се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобили „Волксфаген Пасат“ и „Сузуки Марути“, двете со кичевски регистарски ознаки. Притоа, едно лице го загуби животот а други три имаат повреди“.
– Моментно на местото на сообраќајната незгода, увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи, поради што има привремен прекин на сообраќајот. Се прават напори за нормализирање на сообраќајот, соопшти Димоски.
