Охриѓанец доби кривична од кичевската полиција

49 годишниот охриѓанец сторил две казнени дела.

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Р.Џ.( 49) од Охрид како и против М.М.(42) за сторено казнено дело „злоупотрба на службена положба и овластување“, стои во соопштението од полицијата.
Р.Џ. како вработен во друштво за шпедиција „Сури Шпед” Охрид, во текот на 2016 година изработил лажен договор за купо-продажба на патнички автомобил „Audi“ и обезбедил фотокопија од исправа на странска сообраќајна дозвола за предметното возило. Документацијата ја употребил пред Бирото за метрологија-Скопје како и пред Царинска управа-подружница Охрид врз основа на која била издадена царинска декларација. Второпријавениот М.М.. во натамошна постапка, приложил документација не заверени кај надлежен странски орган и нотар во РСМ и без доказ за платени царински давачки и своерачно потпишал согласност за регистрација на автомобилот, велат од полицијата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани