Со спортски манифестации до повеќе туристи

Со спортски манифестации до повеќе туристи. 

Охрид активно развива спортски туризам.  Најголемите спортски настани како  Охрид Трчат и Охрид Траил веќе привлекуваат голем број странски  туристи.

Според најавата на организаторите огромен е интересот  за првото издание на Охрид Траил, што ќе се одржи овој викенд.

 Во првата планинска трка  ќе учествуваат  околу двесте  луѓе од 19 земји меѓу кои и Австралија, Словенија, Полска, Турција, Австрија, Русија, Унгарија, САД и Велика Британија.

– „Охрид има толку многу природни ресурси што ни самите не сме свесни ете јас сум дел од спортски настани кои се дирекно поврзани со она што ни го дала природата. Земјаќи го Охрид ТрчаТ понатаму Охрид Триатлон и сега новата трка Охрид Траил. Сите се поврзани со природата и зерото, сите се околу езерото, планината. 0649 Охридд може да прерасне во град каде што спортот ќе носи многу туристи само со воие три настани ние како организација ќе донесеме над 1500 луѓе“, вели Јоне Станкоски од асоцијацијата „Спорт за сите“.

Минатогодишниот триатлон доби награда за надобро организирана спортска активност минатата година. Според органзиаторите Охрид има капацитет да одговори на потребите на спортистите од странство,  кои годинава ќе бидат дел од овие настани . Тие немаат некои  посебни барања.

– „Оваа година смао на Охрид ТрчаТ очекуваме околу 350 до 400 странци на Охрид Траил околу 200 до 250 , а на Охрид Триатлон околу 250 до 300 странци само за оаа година. Рачунајте колку е тоа следната година оваа бројка ќе се дуплира. Значи сборувае за околу 1000 странци кои неколку дена ќе бидат во Охрид средна или висока класа на гости“, додава Станкоски.

Овој викенд на 25 ти мај со старт од Свети Наум и Елешец ќе започнат две планински трки. Учесниците ќе уживаат во природата и планинскиот терени на убавата Галичица.  

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани