Во рамките на Ohrid Taste, првата гастро манифестација во Охрид со светски врвни кувари, вечерва се организира Аперитиво вечер.
Доживејте едно незаборавно кулинарско искуство и пробајте ги аперитиво специјалитетите на Мишелин готвачот Chef Giorgio Diana во Liquid Boutique Bar & Kitchen at Su Hotel!
-„Бесплатната дегустација ќе започне вечерва во 21 часот, а сите заинтересирани е потребно претходно да направат резервација на 070 990 991!“, инфрмираат организаторите.
Инаку вчера се одржа првиот Мастер час со Chef Giorgio Diana на Факултет за Туризам и Угостителство – ФТУ, каде готвачот со Мишелин ѕвезда пред студентите ги презентира новите техники на готвење со конзервирање на храната, пастеризација на продуктите и спорото готвење!