Затвореникот, ноќта ја искористил за бегство.
Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид, „на 22.05..2019 во полициската станица во Струга, овластено службено лице од казнено поправна установа-затвор Струга, пријави дека на 21.05.2019 година во 21 часот и 50 минути, од затворот избегал С.А. кој бил на издржување на затворска казна“.
– Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на затвореникот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
