Конкурсот за „Канео фест“ се уште отворен

Конкурсот за „Канео фест“ се уште отворен. Оваа година Фестивалот на новосоздадена македонска народна и забавна песна „КАНЕОФЕСТ“ 2019 ќе се одржи по 18-ти пат во Охрид,на 29-ти јуни

Благодарение на добрата промоција и успешноста на работата на тимот на фестивалот,оваа година добиваме и меѓународен карактер со тоа што ги прошируваме нашите хоризонти и на земјите соседи од каде веќе има пријавено учесници,како и договорена е соработка со изведувачи во ревијалниот дел.
Фестивалот се уште ја држи традицијата и ќе продолжи во својата намера за промовирање на пред се новите и млади изведувачи кои ја чекаат својата шанса на сцена,ама и се разбира отвараме простор за оние веќе докажаните, информираат организаторите. 

Сите кои што поседуваат музички талент,сакаат да пеат ,да бидат перформери или едноставно да се забавуваат,ги очекуваме да се пријават на конкурсот кој сеуште е отворен.Крајниот рок за пријавување на песни е до 20 јуни,на нашите добро познати e-mail адреси : tvmoris@yahoo.com ; kaneofest_jovan@hotmail.com
Организатор на фестивалот е Телевизија Морис.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани